I. Академик Катица Ќулавкова – от МАНУ-Скопие
1. Не може по ниедна логика славо-македонскиот јазик да потекнува од бугарскиот, ниту македонскиот народ од бугарскиот. Вистината е обратна...
2. Бугарскиот јазик е изграден токму врз древниот говор на Македонските Словени...
3. Современата бугарска нација е мнозински составена од македонска емиграција и плус македонското домородно население од Пиринска Македонија и преселените од Егејска Македонија. Тие Македонци денес се асимилирани Бугари...
Тоа е трауматичната бугарска стигма и комплекс.
II. Одговор на академик Катица Ќулавкова
како можност за разобличување на
сите еднонасочни квази патриоти
Любчо ГЕОРГИЕВСКИ
Македония
Го прочитав коментарот на академик Ќулавкова и видов што и пречи. Но ајде да видиме што не и пречи?
. На академик Ќулавкова воопшто не и пречеше антиквизацијата и ако заборавила дека имаше академици кои правеа спој меѓу некаков антички македонски јазик, преку старомакедонски до современ македонски, јас не сум заборавил. Вакво духовно и научно деградирање на македонскиот народ и правење карикатура од самиот себе уште го плаќаме и политички и со интелектуални лекции што ни ги држат.
. На академик Ќулавкова не и пречи што на повеќе српски портали Блаже Коневски е претствен како Србин од Македонија. И на ниеден блажевист тоа не му пречи.
. На академик Ќулавкова не и пречи што вториот најголем култ за македонскиот јазик академик Божидар Видојевски до 1944 година беше организатор на четничкото движење за Македонија и директен оплномошник на Дража Михаиловиќ.
. На академик Ќулавкова воопшто не и пречи што академик Трајко Стаматовски 1988 во „Лик“ предложи дека е време Македонскиот јазик да се вика србско-македонски и да да прогласиме полна билингвалност.
Овие три култа на македонскиот јазик беа извршители на убиството на илјадници македонски зборови само затоа што ги потсеќаа на бугарските. Резултат на тој геноцид на македонскиот јазик е фактот што денес македонскиот јазик е со најмал број на лингвистички единици во целата индоевропска група на јазици. И од друга страна на отворено србизирање на се што трпи во нашиот јазик.
А сега и едно прашање?
Ако Крсте Петков Мисирков е татко на македонската нација и јазик, што е општ прифатен консензус, тогаш што ни се сите преродбеници пред него - Миладинови, Шапкарев, Прличев, Зографски, Крчовски, Пејчинович, Жинзифов...
И може би и нема потреба од одговор, бидејќи тие самите напишале во насловите на своите книги...