Новини

Другите за нас: Бугарскиот „Минстрой“ плати над 4 млн.евра за рудниците в Македония

Tuesday, 03 January 2017 Златоградски вестник Златоградски вестник
 

Бугарската фирма „Минстрой“, новиот концесионер на рудниците „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка, денеска ги уплатила парите за купуване на имотот на двата рудника. Управничката на рудниците Владица Ивановска потврди, дека на сметката се легнати 4.130.000 евра, од кои 3.5 милиони евра се согласно понудата за движниот и недвижен имот, а остантите средства се 18 % ДДС.

 

Собранието на доверители во средата я донесе одлуката за прифаќане на понудата на  новиот концесионер и  имаше законски срок од осум дена за да ги уплати парите за купуване на управните згради, флотациите, машини и друг движен и недвижен имот, но средствата ги уплати само еден ден по донесената одлука.

Согалсно електронската продажба за купување на објектите во пробиштипскиот рудник „Злетово“, неопходни за производство на олово-цинкова руда, Минстрой понуди околу два милиони евра, а  обектите на рудникот Тораница во Крива Паланка ги купи за околу1.5 милиони евра.

Во идните денови управничката треба да направи план и пресметки колку доверителите ќе добият пари од стечайната маса. Околу 1000 рудари од Злетово и Тораница първи ќе бидат потърпевши од овие средства, со што ќе им се исплатат трите заостанати плати, а исто така ќе им се плати и бенефицираниот стаж. Над 50 рудари ќе можат веднаш да заминат во пензия, откако ќе им се плати  бенефицираниот стаж. Во моментов над 100 рудари и инженери се ангажирани од концесионерот „Минстрој“ и работат на подготвуване за рестартирање на рудниците „Злетово“ и „Тораница“. (в. „Курир”, Македония)

 

(Бр. 18/2016 на „Златоградски вестник”